По брилијантниот почеток на сезоната, тимот на Барселона забележа два последователни порази против класните ривали – Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Поради оваа причина, сите сега очекуваат реакција од тимот, а противникот за ова е погоден – Алавес.
Натпреварот против Баскијците е од Ла Лига и е во сабота навечер на „Камп Ноу“, a тренерот Ханси Флик на неговата средба со медиумите изјави дека поразите мора да се прифатат и да се научи нешто од нив.
„Ова е она што секогаш го велев: патот е многу долг. Ништо не е неповратно, загубивме од Реал Мадрид и никој не го сака тоа, но мора да го прифатиме и, како што реков, мислам дека беше можно да се добие овој натпревар и имавме можности. Но, мора да го прифатиме поразот и да учиме од него. Имаме повредени играчи надвор од поставата – Жил, Чави Еспарт, Дани Олмо, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен… не е лесно да се справиме со ова и мора да најдеме решенија. Работите ни се јасни за утре: трите бода се најважни“, изјави Флик.


