Артета: Уживав во играта на Арсенал, не го очекував овој резултат

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека уживал во играта на играчите на лондонскиот клуб и додаде дека не очекувал убедлива победа против Манчестер Сити во Комјунити Шилд, објавија британските медиуми

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека уживал во играта на играчите на лондонскиот клуб и додаде дека не очекувал убедлива победа против Манчестер Сити во Комјунити Шилд, објавија британските медиуми.

Фудбалерите на Арсенал го освоија Комјунити Шилд, откако го победија Манчестер Сити со 3-0 во Кардиф.

Артета нагласи дека неговите играчи сè уште не се целосно подготвени, што ја прави победата уште поимпресивна.

„Им кажав на играчите дека уживав гледајќи ги. Покажаа голема желба и вистинска енергија и искрено – не го очекував овој резултат од објективни причини, бидејќи сè уште сме во фаза на подготовка, со многу играчи кои сè уште не се физички на вистинското ниво“, рече Артета по натпреварот.

Тој го пофали грчкиот фудбалер Христос Цолис, кој пристигна во Арсенал пред три недели од Клуб Бриж.

„Импресивно е колку лесно и природно се вклопи. Тој е одличен фудбалер, секогаш донесува правилни одлуки во моменти кога многумина брзаат и прават грешки. Христос е различен и тоа го покажа на овој натпревар со две одлуки во тесен простор што им претходеа на головите“, додаде шпанскиот стручњак.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Камерон Пејн потпиша договор со Ефес

Американскиот плејмејкер Камерон Пејн е новиот играч на Ефес,...

Ѓоковиќ: Нема да кажам што ми е, но се мачам долго време

Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше за својата физичка подготвеност откако...

Најскапото летно засилување на Манчестер Јунајтед конечно дебитираше

Манчестер Јунајтед доби добри вести за време на паузата...

Мурињо разгледува нов пристап за Винисиус

Жозе Мурињо размислува да го остави Винисиус Жуниор на...