Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, е цел на Баерн, објавува германски „Скај Спорт“. Норвешкиот интернационалец наводно е заинтересиран да се приклучи на баварскиот гигант.
Одегард има двегодишен договор со Арсенал, а раководството на лондонскиот клуб веќе започна неформални разговори за продолжување на неговиот договор.
Норвежанецот пристигна во Арсенал од Реал Мадрид во 2021 година, прво како позајмен, а потоа лондонскиот клуб го откупи неговиот договор за околу 35 милиони евра.


