Болоња го отпушти Тедеско

Доменико Тедеско повеќе не е тренер на фудбалерите на Болоња, објави денес италијанскиот клуб.

Прегледи:

Датум:

Доменико Тедеско повеќе не е тренер на фудбалерите на Болоња, објави денес италијанскиот клуб.

„Болоња го отпушти Тедеско од должноста тренер на првиот тим. Клубот искрено му се заблагодарува за работата што ја заврши професионално и стручно. Болоња им посакува на Тедеско и на неговиот тренерски штаб се најдобро во нивните идни кариери“, соопшти Болоња на својата официјална веб-страница.

Тедеско (41) ја презеде Болоња на почетокот на јуни оваа година.

Италијанските медиуми објавуваат дека Тедеско е отпуштен поради лошите резултати на Болоња на почетокот од Серија А. Болоња забележа еден нерешен резултат и три порази во првите четири кола од новата сезона во италијанското првенство и е на 16-то место на табелата.

„Раководењето со тимот му е доверено на Рафаеле Паладино, кој потпиша договор до 30 јуни 2029 година, а денес ќе го има својот прв тренинг во 16 часот“, додаде Болоња во соопштението.

Паладино (42) претходно беше тренер на Аталанта, Фиорентина и Монца.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Отворена истрага за обложување за пласманот на фудбалерите за „Златната топка“

Организаторот на „Златната топка“, „Франс Фудбал“, започна истрага за...

Алкараз го победи Медведев, го чека противникот за финалето

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на АТП турнирот...

Норис подготвува изненадување за ривалите во квалификациите

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, верува дека...

Карик го посочи прстот кон Лисандро за поразот од Челси

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, призна дека црвениот...