Борусија Дортмунд ќе го продолжи договорот со Нико Ковач

Борусија Дортмунд има намера да го продолжи договорот со Нико Ковач. Двете страни се многу блиску до договор, тврди „Билд“. 54-годишниот стручњак има договор до 2027 година, а се очекува да потпише до 2029 година

Прегледи:

Датум:

Борусија Дортмунд има намера да го продолжи договорот со Нико Ковач. Двете страни се многу блиску до договор, тврди „Билд“. 54-годишниот стручњак има договор до 2027 година, а се очекува да потпише до 2029 година.

Според медиумите, веќе е постигнат усмен договор, а се чека само потписот на Ковач. Клубот ќе ги обнови и договорите на неговите помошници Карстен Крамер, Ларс Рикен и Томас Трес.

Ковач беше назначен во јануари 2025 година да го замени Нури Сахин. Во тоа време, тимот беше на 11-то место на табелата, но тој го водеше до четвртото место и квалификации за Лигата на шампионите. Во својата прва целосна сезона, Борусија заврши втора во Бундеслигата, но имаше разочарувачки резултати во Купот на Германија и Лигата на шампионите. Од почетокот на тековната сезона, Дортмунд ги доби сите свои натпревари освен натпреварот од Суперкупот на Германија против Баерн на почетокот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...