Четири големи европски лиги издадоа заедничка изјава против Инфантино

Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и германската Бундеслига издадоа заедничка изјава во која бараат ФИФА да се реформира

Прегледи:

Датум:

Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и германската Бундеслига издадоа заедничка изјава во која бараат ФИФА да се реформира.

Барањето на четири од петте најдобри европски лиги е поврзано со неуспешниот план на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за продажба на акции на турнири што се одржуваат под покровителство на светското фудбалско тело, вклучувајќи го и Светското првенство за мажи.

Заедничката изјава на четирите лиги го обвинува претседателот на ФИФА за активно промовирање „идеи што водат кон експлоатација, наместо да се обидува да штити од нив“.

Соработката меѓу четирите водечки европски лиги го зголемува притисокот врз Инфантино, кој има намера да се кандидира за нов мандат на претстојниот Изборен конгрес на ФИФА.

Сепак, голем број национални федерации, главно во Европа, веќе објавија дека нема да го поддржат Швајцарецот во врска со неговиот контроверзен план за продажба на правата за Светското првенство преку подружница.

„Во последниве години, долгогодишните темели на фудбалот беа загрозени од фундаментален проблем во управувањето“, се вели во соопштението на англиската, шпанската, италијанската и германската лига.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ФФМ: Дисциплинска постапка за Вардар поради присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната...

Мектомини се врати на тренинзите само две недели по операцијата на срцето

Скот Мектомини направи голем чекор кон враќањето на теренот...

Карагер повикува на трпение со Карик

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека Манчестер Јунајтед...

Леклер: На Ферари не му требаат пишани правила за битки на патеката

Ферари има еден од најдобрите парови на возачи во...