ФФМ: Дисциплинска постапка за Вардар поради присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од МФЛ, соопштија денеска од ФФМ

Прегледи:

Датум:

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од МФЛ, соопштија денеска од ФФМ.

– Фудбалерот на ФК „Охрид Лихнидос“, Дамјан Масевски, се казнува со забрана за настап на четири натпревари.

– Фудбалерот на ФК „Аресими 1973“, Муслими Мухарем се казнува со забрана за настап на еден натпревар.

– ФК „Брегалница 2008“ се казнува со парична казна во износ од 150 евра поради користење на една бакља на натпреварот со ФК Силекс во Кратово.

– Против ФК „Брегалница 2008“ се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства на натпреварот против ФК „Скопје“ АД.

– Против ФК „Вардар“ се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против ФК „Шкендија Арачиново 77“.

– Комет администраторот на ФК „Шкендија Арачиново 77“ АД, Исуф Бајрами, се казнува со забрана за вршење функција во траење од шест месеци, поради неспортски, понижувачки и вулгарен однос, како и вербален напад врз судиите на натпреварот ФК „Вардар“ – ФК „Шкендија Арачиново 77“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мектомини се врати на тренинзите само две недели по операцијата на срцето

Скот Мектомини направи голем чекор кон враќањето на теренот...

Карагер повикува на трпение со Карик

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека Манчестер Јунајтед...

Четири големи европски лиги издадоа заедничка изјава против Инфантино

Англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А...

Леклер: На Ферари не му требаат пишани правила за битки на патеката

Ферари има еден од најдобрите парови на возачи во...