ФФМ ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.

Прегледи:

Датум:

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.

За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување.

„Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации“, стои во известувањето.

ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место.

„Како членка на УЕФА, ФФМ останува цврсто посветена на заедничките принципи и вредности на европскиот фудбал и ќе продолжи да стои заедно со сите национални федерации кои се залагаат за заштита, развој и унапредување на фудбалот. Остануваме посветени на соработката со сите свои меѓународни партнери, со единствена цел, заштита и унапредување на интересите на фудбалот“, додаваат од Кучата на фудбалот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Верстапен: Неверојатно е конечно да се биде на пол-позицијата

На Макс Верстапен му беа потребни 16 обиди за...

Хамилтон најави борба со Верстапен: Ако можеме да го следиме, ќе биде одлично

Луис Хамилтон верува дека Ферари може да се натпреварува...

Верстапен ја освои првата пол-позиција во сезоната, Хамилтон му се придружи во првиот ред

Макс Верстапен ја освои својата прва пол-позиција во сезоната...

Камерон Пејн потпиша договор со Ефес

Американскиот плејмејкер Камерон Пејн е новиот играч на Ефес,...