Инфантино доби ривал: Јапонецот Ташима сака да ја предводи ФИФА

Членот на Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Козо Ташима, има намера да се кандидира за претседател на светската фудбалска организација и да му се спротивстави на сегашниот претседател Џани Инфантино на претстојните избори, објавија јапонските медиуми.

Прегледи:

Датум:

Членот на Советот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Козо Ташима, има намера да се кандидира за претседател на светската фудбалска организација и да му се спротивстави на сегашниот претседател Џани Инфантино на претстојните избори, објавија јапонските медиуми.

Јапонскиот весник „Асахи“ објави дека 68-годишниот Ташима, по состанокот на Јапонската фудбалска асоцијација (JFA), ја објавил својата намера да се кандидира на изборите закажани за март следната година.

Неговата кандидатура едногласно ја поддржаа членовите на одборот на директори на јапонската федерација, а истата информација ја објави и „Никан спортс“.

Ташима е првиот сериозен ривал на Инфантино откако претседателот на ФИФА предизвика незадоволство во светскиот фудбал во јули со својот план да отстапи дел од приходите од идните Светски првенства на приватни инвеститори.

Поранешниот јапонски репрезентативец и поранешен претседател на националниот сојуз е член на управниот орган на ФИФА од 2015 година, од времето кога организацијата ја водеше Сеп Блатер.

„Асошиејтед Прес“ го опишува како почитуван и дипломатски функционер кој ретко се појавува јавно во светот на фудбалската политика.

За да биде официјално избран, Ташима мора да ја обезбеди поддршката од најмалку пет од 211-те земји-членки на ФИФА и да помине низ проверка на подобност на тројца членови од страна на специјално тело.

Претседателските избори на ФИФА се закажани за 18 март во Рабат, Мароко, а крајниот рок за поднесување на кандидатури е 18 ноември.

Според медиумските извештаи, Европската фудбалска федерација (УЕФА) исто така се обидува да најде кандидат кој ќе го предизвика Инфантино.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Светот на фудблот тагува за Де Мигел: Зад себе остави едногодишна ќерка

Шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел (30) почина во болница...

Алкараз се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз без минута игра

Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во...

Интер подготвува одговор на рекордниот договор објавен од Милан

Интер ќе се обиде да ги зголеми финансиските параметри...

Хамилтон за односите во Ферари: Тензиите во Мерцедес беа многу поголеми

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон изјави дека тензиите за...