Мајкл Карик објави соопштение откако беше отпуштен од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед. Во него, тој објасни дека за него е огромна чест да го менаџира клубот што го сака. Поранешниот играч од средниот ред на „Црвените ѓаволи“ беше отпуштен од функцијата менаџер вчера и ќе биде заменет од Маурисио Покетино, кој ќе ја преземе одговорноста по репрезентативната пауза за национални тимoви.
Карик беше назначен на средина од минатата сезона да го замени Рубен Аморим и доби постојан договор во мај. Сепак, Јунајтед победи само на еден од десетте натпревари во Премиер лигата оваа сезона и се во зоната за испаѓање.
Како играч, Карик има 464 настапи, 24 гола и 35 асистенции, но на крај, но не и најмалку важно – тој е петкратен шампион на Англија и освојувач на Лигата на шампионите.
„Огромна чест беше да го водам Манчестер Јунајтед, клубот што го сакам. Малкумина имаат можност да го доживеат ова и засекогаш ќе бидам благодарен. Тоа доаѓа со огромна одговорност бидејќи мора да знаете што значи да бидете дел од Манчестер Јунајтед. Различно е од кое било друго место“, напиша тој на Инстаграм.
„Во Јунајтед мора да го барате најдоброто од себе. Постои култура и вредности според кои мора да живеете и да ги почитувате. Тоа се гради во текот на долг временски период. Манчестер Јунајтед е уникатен фудбалски клуб чија историја не треба да се игнорира и мора да се почитува. Тоа ме инспирираше секој ден“, вели Карик.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите. Морам да ви кажам дека сте посебен вид, ретка раса. Оваа година споделивме прекрасни емоции заедно што ќе ги паметиме. Најубавиот дел од мојата работа беше да ве гледам како го губите разумот во емоциите на тие моменти. Како го напуштате стадионот и едвај чекате да се вратите. Таа љубов никогаш не умира“, продолжи тој.
„Знам дека резултатите беа лоши во последно време, но вие не престанавте да нè сакате и да нè поддржувате. Во овие времиња, најлесно е да се реагира негативно. Тоа многу значи и покажува какви луѓе сте. Поради луѓе како вас се заљубив во клубот пред сите тие години“, напиша Карик.
„Посебна благодарност до тренерите кои дадоа сè од себе, беа лојални и ме поддржуваа. Ви благодарам на сите зад сцената затоа што нивната работа ретко се гледа и ценува. Им благодарам на играчите за моментите што ги имавме заедно. Ви посакувам се најдобро во иднина“, додаде тој.
„На Манчестер Јунајтед, кој е толку голем дел од мојот живот, му посакувам секој успех. Тоа никогаш нема да се промени. Горд сум на она што го направив. Ќе бидам тука за секој човек во клубот и за секој навивач повторно. Ќе продолжам да ги поддржувам момците“, заклучи тој.


