Кој нема да си ги подмири сметките, нема да игра во Првата лига, порачаа од ФФМ

Управниот одбор донесе одлука клубовите од Првата македонска фудбалска лига кои нема да ги подмират своите финансиски обврски кон Фудбалската федерација на Македонија да немаат право на учество во натпреварувањето, додека клубовите од Втората македонска фудбалска лига со неподмирени обврски нема да можат да учествуваат во извлекувањето на натпреварувачките броеви за новата сезона.

Прегледи:

Датум:

Фудбалската федерација на Македонија во изминатиот период во повеќе наврати излегуваше во пресрет на клубовите, овозможувајќи им одложено и етапно подмирување на обврските врз основа на меѓусебни договори. Сепак, значителен број клубови не ги испочитуваа преземените обврски и договорената динамика на исплата, поради што Управниот одбор оцени дека е неопходно доследно почитување на финансиската дисциплина и еднаков третман за сите клубови учесници во натпреварувањата на ФФМ, соопштија од Федерацијата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...