Крај на соработката: Робин ван Перси го напушта Феенорд

Една убава фудбалска приказна во Холандија се ближи кон крајот. Според локалните медиуми, Феенорд и Робин ван Перси наскоро официјално ќе ја прекинат соработката, а сè што останува е да се договорат за последните детали од разделбата

Прегледи:

Датум:

Една убава фудбалска приказна во Холандија се ближи кон крајот. Според локалните медиуми, Феенорд и Робин ван Перси наскоро официјално ќе ја прекинат соработката, а сè што останува е да се договорат за последните детали од разделбата.

Според извештаите од Ротердам, раководството на клубот, тренерот и неговите претставници веќе работат на формалностите што претходат на раскинувањето на договорот, додека официјално соопштение се очекува во наредните денови.

Ван Перси пристигна во Феенорд како едно од најголемите имиња во историјата на клубот, а се очекуваше неговиот ангажман да донесе нова енергија и пробив во резултатите. Сепак, соработката не ги донесе посакуваните резултати, па двете страни оценија дека разделбата е најдоброто решение.

Веста одекна меѓу навивачите на познатиот холандски клуб, со оглед на тоа што поранешниот напаѓач на Арсенал, Манчестер Јунајтед и холандската репрезентација е една од најголемите легенди на Феенорд.

Доколку не се случи неочекуван пресврт на настаните, Ван Перси наскоро официјално ќе го заврши својот престој на клупата на клубот од Ротердам, кој потоа ќе започне со потрага по нов главен тренер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...