Ливерпул со прв трансфер под водство на Ираола

Ливерпул го објави потпишувањето на шпанскиот интернационалец Виктор Муњоз од Осасуна. Поранешниот англиски шампион ја активираше откупната клаузула од 40 милиони евра, а договорот на играчот е до 2032 година. Сепак, на „Енфилд“ е наведено дека играчот мора да добие работна виза

Прегледи:

Датум:

Ливерпул го објави потпишувањето на шпанскиот интернационалец Виктор Муњоз од Осасуна. Поранешниот англиски шампион ја активираше откупната клаузула од 40 милиони евра, а договорот на играчот е до 2032 година. Сепак, на „Енфилд“ е наведено дека играчот мора да добие работна виза.

Реал Мадрид, чиј млад талент е, ќе добие половина од овие 40 милиони евра поради клаузула во договорот. „Црвените“ ќе платат на две рати.

Муноз (22) може да игра и на крилната позиција и зад централниот напаѓач.

Офанзивниот играч станува првото засилување на Ливерпул по доаѓањето на новиот менаџер Андони Ираола. Муњоз беше на работ на трансфер во Њукасл, но на крајот „црвените“ се покажаа побрзи во преговорите.

Минатата сезона, Муњоз одигра 36 натпревари за Осасуна, постигнувајќи 7 гола и 5 асистенции.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Претседателот на Комо најавува напад на врвот: Сакаме да бидеме како Барселона

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот сака...

Де Јонг се враќа во Холандија, Чави го објави составот за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Чави Ернандез, го...

Тухел објасни зошто го повикал помладиот Белингам

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука...

Де ла Фуенте го објави составот: Три нови лица за клучните натпревари од Лигата на нациите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте...