Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата, изјави Димитриевски пред мечот со Словенија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на денешната прес-конференција истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар против Швајцарија во Лигата на нации и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

Прегледи:

Датум:

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на денешната прес-конференција истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар против Швајцарија во Лигата на нации и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија.

„Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски.

Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига.

„Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски.

Натпреварот Словенија – Македонија се игра утре од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн претставен во дресот на Филаделфија: Не дојдов за да бидам елиминиран во втората рунда

Леброн Џејмс се појави во дресот на Филаделфија 76ерс...

Порзингис има здравствени проблеми и не е познато кога ќе се врати во игра

Центарот на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, има здравствени...

Седлоски: Очекувам фудбалерите да покажат поголем квалитет и карактер на теренот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар...

Бокан: АБА лигата не се затвора, ќе излеземе уште посилни

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора и Будуќност...