Седлоски: Очекувам фудбалерите да покажат поголем квалитет и карактер на теренот

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери.

„Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски.

Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво.

„Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“, порача тој.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн претставен во дресот на Филаделфија: Не дојдов за да бидам елиминиран во втората рунда

Леброн Џејмс се појави во дресот на Филаделфија 76ерс...

Порзингис има здравствени проблеми и не е познато кога ќе се врати во игра

Центарот на Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, има здравствени...

Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата, изјави Димитриевски пред мечот со Словенија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на...

Бокан: АБА лигата не се затвора, ќе излеземе уште посилни

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора и Будуќност...