Новинар открива што навистина го изнервирало Роналдо

Кристијано Роналдо се најде во центарот на огромен скандал во Португалија откако го напушти кампот на репрезентацијата, незадоволен од фактот што не запиша ниту една минута во победата од 2-1 над Норвешка

Прегледи:

Датум:

Кристијано Роналдо се најде во центарот на огромен скандал во Португалија откако го напушти кампот на репрезентацијата, незадоволен од фактот што не запиша ниту една минута во победата од 2-1 над Норвешка.

Според информациите во португалските медиуми, 41-годишната ѕвезда нема намера да се врати додека на чело е Жорже Жезус. Тој го пропушти тренингот на тимот откако тренерот објави дека нема да биде стартер против Данска, а конфликтот меѓу нив двајца трае веќе неколку дена.

Во среда вечерта, шпанскиот новинар Еду Агире, кој е меѓу најдоверливите луѓе на Кристијано Роналдо, откри во емисијата „Ел Чирингито“ што точно се случило во кампот на „морнарите“.

„Предавство, предавство!“, изјави Агире на почетокот од својата приказна.

Потоа продолжи: „Во вторник вечерта имаше состанок помеѓу претседателот на федерацијата, тренерот и Кристијано Роналдо. Жесус му се извини на Кристијано Роналдо што го натерал да се загрева 30 минути и не му дозволил да игра. И не само што се извини приватно, туку му вети дека ќе го стори тоа јавно. Му рече дека ќе ја признае својата грешка. Но, потоа отиде на прес-конференцијата и кажа еден куп лаги на кои никој не им веруваше. Затоа Кристијано се налути! Се чувствува предаден!

Нема ништо друго. Селекторот отиде кај него приватно и му рече работи како: „Не се справив правилно со ситуацијата, но сме заедно, ќе одам на прес-конференцијата, ќе објаснам сè и ќе ти се извинам. Не грижи се. Сè ќе биде во ред, сè ќе биде во ред. Но, 12 часа подоцна се појави пред медиумите и направи претстава, велејќи дека тој е главен, а Кристијано е само еден од составот. Да го испратиме дома и толку… Затоа велам дека е предавство“, рече Еду Агире во шпанската емисија.

„По прес-конференцијата на селекторот и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, решив да го напуштам кампот на репрезентацијата. Во вистинскиот момент, ќе им ја кажам на сите Португалци вистината за причините што ме наведоа да се повлечам од тимот на кој отсекогаш сум се посветил целосно. Сега е време да им посакам успех на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок.“, сподели Кристијано Роналдо на социјалните мрежи

Роналдо е рекордер по број на настапи (234) и постигнати голови (146) за португалската репрезентација. Евентуалната потврда за неговото пензионирање би значела крај на извонредната меѓународна кариера што започна во 2003 година, а кулминираше со триумфот на Европското првенство во 2016 година, како и освојувањето на два трофеи во Лигата на нации – во 2019 и 2025 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МКК Куманово со удар – привлече македонски репрезентативец

Адем Мекиќ е нов член на МКК Куманово, соопштија...

Дебакл на Еурофарм Пелистер на стартот во Лигата на Европа!

Најтешката ноќ во поновата историја на Еурофарм Пелистер се...

Нови проблеми за Манчестер Сити: Халанд го напушта клубот?

Манчестер Сити е во големи проблеми. Тие се соочуваат...

Ван Дајк ќе стане „крал“?

Холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк е цел на Реал...