„Операцијата Олисе“ во Реал Мадрид зависи од евентуалната продажба на Валверде или Чуамени

„Белите“ сè уште ги чуваат своите 150 милиони евра, но се чини јасно дека доведувањето на Олисе од „Алијанц Арена“ ќе чини повеќе

Прегледи:

Датум:

„Ќе презентираме понуда од 150 милиони евра за играч од тим во Лигата на шампионите“. Со овие зборови, Флорентино Перез фрли вистинска бомба за време на својата изборна кампања во емисијата „Хоризонте“ на Икер Хименез. Новинарот директно праша за играчот на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, но тогашниот кандидат негираше. На крајот, понудата беше насочена кон Атлетико Мадрид за Хулијан Алварез, а „јорганџиите“ одговорија со потсмев на социјалните мрежи.

Сепак, понекогаш работите не се онакви какви што изгледаат. До денес, се чини очигледно дека понудата за Алварез беше блеф. Целта беше повеќе да се комплицира евентуалниот трансфер на Аргентинецот во Барселона (со оглед на воинствениот став на Флорентино за „случајот Негреира“) отколку да се покаже каков било вистински интерес, пишува „Марка“.

Всушност, сите знаци укажуваат на Олисе, големата сензација на сезоната во Лигата на шампионите и дел од импозантното напаѓачко трио на Баерн (заедно со Хари Кејн и Луис Дијаз). Тој има неколку квалитети што го прават идеално засилување за Реал Мадрид: одлично партнерство со Мбапе (како што се гледа во првиот гол на Франција против Сенегал), позиција на десното крило (што беше проблематично за Мадрид) и харизма и атлетизам за неутрализирање на „ефектот Ламин“ – големиот адут на Барселона, која му ги одзеде на Реал последните две титули.

Сепак, задачата нема да биде лесна. Баерн не е клуб што продава, туку напротив. „Ако Флорентино Перез сака да ни испрати понуда, што сè уште не се случило, може да си ја заштеди маката“, рече Херберт Хајнер, претседателот на германскиот клуб, откако името на Олисе се појави како опција за Реал. „Белите“ сè уште ги чуваат своите 150 милиони евра, но се чини јасно дека доведувањето на Олисе од „Алијанц Арена“ ќе чини повеќе. Реал Мадрид е дури и подготвен да ја зголеми својата понуда на 200 милиони евра, со ограничување од околу 220 милиони евра.

Јутјуб/Принтскрин/Diario AS

И покрај солидната финансиска состојба на Реал, парите не се бесконечни. Поради оваа причина, не е исклучена значителна продажба на средниот ред за следната сезона. Одбраната веќе се реструктуира (Карвахал и Алаба си заминаа), а нападот се смета за недопирлив, при што клубот верува дека Мбапе, Винисиус и Белингам мора да останат лидери во офанзивниот дел. Значи, очите се насочени кон играчи како Федерико Валверде или Аурелиен Чуамени, кои се најдоа во центарот на вниманието по нивната тепачка на тренинг-центарот Валдебебас.

Дали понуда од над 200 милиони евра ќе биде доволна? Во фудбалот, јасно е дека играчите играат каде што сакаат. А Олисе има голем поддржувач во Реал Мадрид, и тоа не било кој. Откако стана најдобар стрелец на Франција на сите времиња, Килијан Мбапе беше полн со пофалби за својот соиграч. „Со Мајкл е супер лесно бидејќи секогаш игра со крената глава. Со него само треба да му понудите решение, линија за додавање, а тој го гледа тоа. Го знаев тоа и беше одлично“, рече напаѓачот на Реал по победата над Сенегал, која беше отворена со прецизно вертикално додавање на играчот на Баерн кон него. Природна и ефикасна врска што му недостасуваше на Реал Мадрид минатата сезона.

Јутјуб/Принтскрин/Fred Football

Операцијата за потпишување на Олисе, големиот сон на Флорентино, е одвоена од онаа за Енцо Фернандез, кој се смета за понизок профил во клубот. Желбата на Аргентинецот да се пресели во Реал е добро позната, како и неговите проблеми во Челси минатата сезона, каде што дури беше исфрлен од тимот по јасно флертување со „белиот балет“. Мадрид знае дека ова нема да биде евтина зделка, но ќе биде полесна од онаа за Олисе, кој ќе се соочи со традиционалната гордост на Баерн. Баварците секогаш им го отежнуваат заминувањето на нивните големи ѕвезди, а можат да се натпреваруваат и со Реал Мадрид во нудењето атрактивни финансиски услови.

Ова се различни, но веќе активирани операции кои треба да бидат шлаг на тортата на амбициозниот проект на Реал за сезоната 26/27. Со Жозе Мурињо како тренер, три потврдени трансфери (Кукуреqа, Бернардо Силва и Конате) и четврти на пат (Дамфрис), остануваат да се привлечат уште најмалку двајца играчи за да се изгради тим способен да се бори за сите трофеи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Семејството Меси потврди дека таткото на Лионел е болен

Семејството на Лионел Меси денеска потврди дека таткото на...

🎬Јужна Африка извлече бод против Чешка без да упати ниту еден удар кон голот

Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1-1 денес во...

📽️Тухел со повик до ФИФА да ги промени правилата по првиот натпревар на Англија

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, го изрази своето екстремно...

📸🎬 Конате потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид

Поранешниот играч на Ливерпул, Ибрахима Конате, од денес официјално...