Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома во шестото коло од англиската Премиер лига.
Гостите поведоа со голот на Дан Ндоје во третата минута, а Кристал Палас израмни во 41-та минута преку Даичи Камада.
Целосен пресврт за Кристал Палас и три бода донесоа Џеферсон Лерма во четвртата минута од судиското продолжение и Џереми Пино во 59-тата минута.
Кристал Палас е на 12-то место со седум бода, а Нотингем Форест е на 14-та позиција со два бода помалку.
Хал и Евертон одиграа возбудлив натпревар и на крајот ги поделија бодовите 2-2.
Сите четири гола беа видени во второто полувреме. Хал поведе преку Џо Гелхард во 48-та минута, а потоа „карамелите“ ги свртија работите благодарение на Кирнан Дјусбери-Хол во 55-та минута и Терно Бери во 68-та минута.
Мохамед Белуми му обезбеди бод на домашниот тим во 74-тата минута.
Хал е деветти со девет бода, додека Евертон е на петтото место со бод повеќе.


