Роналдо бара доживотна забрана за пристап на стадионите поради навредите кон починатиот Жота

Саудиските фудбалски власти покренаа дисциплинска постапка по инцидентот на мечот меѓу Ал-Тавун и Ал-Хилал

Прегледи:

Датум:

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и тамошната Про лига остро реагираа на морбидните повици од трибините и покренаа истрага против одговорните за ужасното однесување на дел од навивачите.

За време на натпреварот меѓу Ал-Тавун и Ал-Хилал во Саудиска Арабија, дел од навивачите на Ал-Тавун го провоцираа португалскиот репрезентативец Рубен Невеш скандирајќи „Жота, Жота, Жота“, алудирајќи на неговиот покоен близок пријател и поранешен соиграч Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа во 2025 година заедно со својот брат Андре Силва.

Невеш реагираше многу емотивно кон трибините – покажуваше кон небото, а потоа иронично им аплаудираше на навивачите, за по натпреварот да изјави:

„Само се надевам дека по ова нема да отидат да се молат“, беше сè што Невеш имаше да каже за ова навистина морбидно скандирање.

Она што е уште поважно: случајот не остана само на реакции на социјалните мрежи. Ал-Хилал поднесе официјална жалба, Ал-Тавун вети соработка, а саудиската фудбалска федерација и Лигата го осудија однесувањето и најавија истрага.

Ниту Кристијано Роналдо не остана рамнодушен на грозното однесување на дел од навивачите, туку јавно побара на одговорните доживотно да им се забрани влез на стадионите, со порака дека таквото однесување ги преминува сите граници на фудбалот.

Во меѓувреме, покрената е и официјална истрага.

Покрај тоа што Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и Саудиската Про лига заеднички го осудија однесувањето на навивачите, тие наведоа дека надлежните органи го идентификувале спорното однесување и дека ќе преземат мерки според важечките дисциплински правила.

Соопштено е дека резултатот од истрагата ќе биде објавен по завршувањето на целиот процес.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Де ла Фуенте останува на чело на Шпанија до 2030 година

Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Луис де ла...

Хорнер добива нова шанса да се бори за акциите на Алпин

Тригодишното вето на Рено за продажба на 24-процентниот удел...

Белград официјално ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029-та

Белград ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата...

Кокошков: Дончиќ е кошаркарски дијамант, но Кид е лоша личност и лош тренер

Српскиот тренер Игор Кокошков се присети на деновите поминати...