Роналдо си замина, „седумката“ веќе ја зема друг фудбалер

Заминувањето на Кристијано Роналдо од португалската репрезентација е една од главните теми веќе втор ден по ред

Прегледи:

Датум:

Заминувањето на Кристијано Роналдо од португалската репрезентација е една од главните теми веќе втор ден по ред.

Слушнавме бројни теории, а се чини дека најблиску до вистината е дека Роналдо верувал дека тренерот Жорже Жесус не го почитувал договорот што наводно го имале.

Жесус и Роналдо имале договор дека Роналдо ќе игра против Велс и Норвешка, во натпревари во кои Португалија била домаќин, и дека нема да игра против Норвешка и Данска на гости.

Роналдо не доби ниту една минута во дуелот со Норвешка иако се загреваше, а потоа започнаа конфликтите.

Жесус зборуваше за ова на прес-конференција, зборуваше за физичката состојба на Роналдо, за фактот дека верува дека не може да игра три дена. Додаде дека отворено разговара со сите, но дека тој е селектор и дека на крајот тој одлучува.

По таа конференција, Роналдо се спакува и си замина. И сега се раскажуваат разни приказни, а се шпекулира дека и премиерот на Португалија побарал средба со Жесус…

Потоа УЕФА ги објави официјалните списоци на играчи за натпреварот помеѓу Данска и Португалија (четврток, 20.45 часот).

И на списокот, „откриено“ е дека „седумката на Роналдо“ му е дадена на Рафаел Леао.

Се чини дека Португалците на овој начин сакаат да му испратат порака на Кристијано Роналдо, кој рекол дека „еден ден ќе ја каже вистината пред народот, а сега им посакува среќа на сите играчи, без исклучок“.

И очигледно има некаков подтекст во неговата порака, па зошто да не има и од другата страна.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...