Откако водечките експерти за трансфери вчера објавија дека Јан Диоманде одлучил да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, а францускиот клуб дури и започнал разговори со РБ Лајпциг, темата за иднината на Бредли Баркола повторно стана актуелна.
Со овој развој на настаните, Ливерпул нема да дава повеќе понуди за крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, откако „црвените“ веќе дадоа една, но таа беше одбиена од Лајпциг. Сепак, на „Енфилд“ продолжуваат да бараат крилен напаѓач кој ќе го замени Мохамед Салах. Новиот фаворит во овој поглед е играчот на ПСЖ, Бредли Баркола.
Ливерпул е заинтересиран за францускиот интернационалец долго време, но до неодамна се тврдеше дека Парижаните немаат намера да го продадат. Сепак, доколку ПСЖ го финализира трансферот на Диоманде, а исто така и на Манес Акљуш, што е исто така многу веројатно, францускиот клуб ќе биде отворен за продажба на Баркола. Самиот играч не се согласува да биде само дел од ротацијата на Луис Енрике, па затоа и тој почнува да гледа кон излезната врата.
Според Матео Морето, Ливерпул веќе планира нови контакти со Бредли Баркола и неговите претставници.
Арсенал, исто така, покажува интерес за францускиот репрезентативец.


