Суспендирани 448 турски фудбалски службеници

Турската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски службеници, вклучувајќи го претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, и потпретседателот на Бешикташ, Хакан Далтабан, како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал.

Прегледи:

Датум:

Турската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски службеници, вклучувајќи го претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, и потпретседателот на Бешикташ, Хакан Далтабан, како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал.

Утврдено е дека сите суспендирани службеници се обложувале додека биле на своите позиции во клубови во првата и втората лига во текот на изминатите пет години, соопшти Турската фудбалска федерација. Сите тие се пријавени во дисциплинската комисија на федерацијата. Турските медиуми објавија дека од 448 суспендирани службеници, 171 биле или сè уште се во клубови во елитната лига на Турција.

Турската фудбалска федерација го засили својот надзор на спортското обложување откако голем скандал со обложување ја потресе земјата минатата година. Како дел од истрагата во тоа време, Федерацијата суспендираше 149 судии и дури 1.024 играчи за различни периоди.

Во посебна истрага претходно оваа недела, едно службено лице и шест члена на главниот судиски комитет беа приведени под обвинение за мешање во судиските процедури.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...