Трамп: ФИФА ќе направат ужасна грешка доколку го сменат Инфантино

Доналд Трамп јавно го бранеше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во време кога критиките и барањата за промени на врвот на организацијата се натрупуваат околу првиот човек во светскиот фудбал

Прегледи:

Датум:

Доналд Трамп јавно го бранеше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во време кога критиките и барањата за промени на врвот на организацијата се натрупуваат околу првиот човек во светскиот фудбал.

Претседателот на САД се огласи на Truth Social и ги искажа своите мисли многу јасно за можноста ФИФА да добие нов претседател.

„ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина, воопшто размислуваат да го заменат својот претседател Џани Инфантино“, рече Трамп.

Потоа Трамп отиде чекор понатаму и отворено го пофали Инфантино.

„Џани е одличен и едноставно го предводеше најуспешното Светско првенство во историјата“, напиша американскиот претседател.

Според Трамп, Инфантино е една од главните причини зошто Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада беше толку успешно, и тој е убеден дека неговото заминување сериозно би ѝ наштетило на ФИФА.

Х/Принтскрин/CSPAN

„Без него, ФИФА никогаш повеќе нема да биде толку успешна или профитабилна“, рече Трамп.

Неговата реакција доаѓа во многу чувствително време за Инфантино. УЕФА, КОНКАКАФ и АФЦ отворено го критикуваа начинот на кој тој ја води ФИФА во последните денови, а незадоволството дополнително се зголеми по контроверзиите околу управувањето со комерцијалните интереси на организацијата.

Трамп и Инфантино изградија многу блиски односи во последните години, а американскиот претседател сега е можеби најпознатото име кое јавно застанува на страната на Инфантино.

Во време кога се повеќе се зборува за иднината на ФИФА и можните противници, пораката на Трамп тешко дека ќе помине незабележано.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Адидас нема да произведува топки за Лигата на шампионите, започнува нова ера со Најк

Американската компанија Најк ќе биде официјален снабдувач на топки...

Арсенал и Деклан Рајс се согласија за нов договор

Арсенал постигна согласност со една од нивните големи ѕвезди...

Лига на нации: Ноќ за паметење за Германија, кошмар за Шкотска

Вечерва беа одиграни натпреварите од последното коло во групната...

Шест од шест: Македонија потона и против Словенија, Седлоски ја заврши Лигата на нации без бод!

Македонската фудбалска репрезентација го запиша и шестиот пораз во...