Тренерот на Порто, Франческо Фариоли, беше незадоволен од судиските одлуки на натпреварот против Манчестер Сити во првиот натпревар од Лигата на шампионите, а неговиот тим започна со пораз од 0-2 со два гола на Ерлинг Халанд во втората половина од натпреварот.
Според него, судијата требало да го исклучи Марк Геи кратко пред крајот на првото полувреме, и Сити да го игра второто полувреме со играч помалку. И тој момент влијаел на конечниот исход од натпреварот. Геи го удри Габри Веига од Порто со лакт во главата додека двајцата се бореа за топката. Играчот од средниот ред на Порто падна на теренот, држејќи се за лицето, кое почна да крвари. Судијата Шимон Марцињак не му покажа картон на дефанзивецот на Манчестер Сити и не ја прегледа епизодата.
„Врз основа на натпреварите што ги гледав, можеше да се покаже картон. Секако, во оваа ситуација требаше да биде црвен картон“, започна Франческо Фариоли. „Исто така, имаше и ситуација со Јошко Гвардиол. Иако веќе имаше жолт картон, тој го запре нападот. Можеше да има втор жолт картон. На ова ниво, во оваа фаза од натпреварувањето, можноста за играње на второто полувреме со бројчена предност – во одреден момент против 10 или дури 9 играчи – можеше да промени сè“, рече Фариоли на Amazon Prime.
Младиот италијански стучњак исто така не коментираше за скандалот на полувремето, но алудираше на инцидентот со Геи, пофалувајќи ја решителноста на својот тим.
Тој рече: „Се натпреварувавме против еден од најдобрите тимови во светот без пет главни играчи. За жал, резултатот не беше онаков каков што го сакавме, но имам прилично добро претчувство за настапот. Тимот надмина многу тешкотии – пет играчи беа отсутни и оваа ситуација можеше да ја промени динамиката. Ја докажавме нашата ДНК“, горд беше тренерот и покрај поразот.


