Шелтон го шокираше Алкараз и се пласираше во полуфиналето на УС Опен

САД по вторпат за последните 20 години ќе имаат финалист на УС Опен. Тејлор Фриц загуби од Алкараз пред две години, а сега Шелтон и Тијафо ќе играат за финале.

Прегледи:

Датум:

САД по вторпат за последните 20 години ќе имаат финалист на УС Опен. Тејлор Фриц загуби од Алкараз пред две години, а сега Шелтон и Тијафо ќе играат за финале.

Историскиот натпревар на УС Опен му припадна на Бен Шелтон, кој го победи Карлос Алкараз по пет сета и се пласираше во полуфиналето на Гренд слемот во Њујорк – 3:2, во сетови 6:7, 6:1, 6:3, 1:6, 7:6.

Одличен прв сет, во кој видовме неверојатна ситуација во десеттиот и единаесеттиот гем. Алкараз прво му го одзеде сервисот на Шелтон со „нула“, а потоа Американецот го врати, губејќи само еден поен и израмнувајќи го резултатот. Алкараз славеше во тајбрејкот со 7:5 во поени.

Подоцна, имаше необјаснив пад на Алкараз, кој претрпе три брејка во вториот сет, а Бен Шелтон практично „прошета“ до третиот сет. Во следниот период, тој доби брејк на самиот почеток и го задржа до крајот, па поведе со 2:1 во сетови и беше поблиску до победата.

Шпанецот се мачеше на почетокот од четвртиот, но спаси две можности за уште едно губење на сервисот, а потоа направи два брејка до крајот на сетот и го однесе мечот до петтиот одлучувачки сет. Во осмиот гем, Бен Шелтон играше маестрално, имаше 40:15 на сервисот на својот ривал, но Алкараз сепак успеа да ги спаси сите можности за потенцијален крај на мечот, па драмата продолжи.

Сè беше решено во тајбрејкот, Бен Шелтон славеше со 10:7 и направи големо изненадување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Американците купуваат 42 проценти од Валенсија, клубот проценет на 1,25 милијарди евра

Шпанскиот фудбалски гигант Валенсија постигна договор со американската инвестициска...

Арсенал го искористи подарокот на Вила и го стигна Сити на врвот во Премиер лигата

Енцо Мареска стана првиот менаџер во историјата на Премиер...

Без победник на дербито во Гостивар, три гола поништени од ВАР

Дерби натпреварот во Гостивар помеѓу ФК Шкендија и Вардар...

ТФТ ја оправдаа фаворитската улога против ГКК Штип

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го...