УЕФА ја менува Лигата на нации: Се укинува Лигата Д, сите дивизии се шират на 18 репрезентации

Новиот формат на Лигата на нации донесува изменети правила за промоција, опстанок и настап на Македонија

Прегледи:

Датум:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави официјалните измени во системот на натпреварување во Лигата на нации, кои ќе стапат на сила во транзицискиот период меѓу сезоните 2026/27 и 2028/29.

Најважната новост е преминот од досегашниот формат од четири лиги на нов систем со три лиги (А, Б и Ц), при што секоја лига во изданието 2028/29 ќе брои по 18 репрезентации, а во групната фаза ќе се играат 6 кола.

Најнискиот ранг на натпреварување, Лигата Д, целосно се укинува. Според официјалната одлука на УЕФА, сите шест репрезентации што ќе настапуваат во Лигата Д во текот на сезоната 2026/27 ќе бидат автоматски промовирани во Лигата Ц за сезоната 2028/29.

Елитната Лига А се проширува од 16 на 18 екипи. Место во Лигата А за сезоната 2028/29 ќе обезбедат:

8-те четвртфиналисти од сезоната 2026/27;

2-те најдобри третопласирани екипи од групите во Лигата А;

4-те победници на групите од Лигата Б (директна промоција);

4-те победници од плејофот меѓу Лигата А и Лигата Б.

Двете најслаби четвртопласирани екипи од Лигата А директно испаѓаат во Лигата Б. Во плејофот за опстанок/влез во Лигата А ќе играат двата најслаби третопласирани тима и двата најдобри четвртопласирани тима од Лигата А против четирите другопласирани екипи од Лигата Б.

Лигата Б во новиот циклус исто така ќе обединува 18 репрезентации, а ќе ја сочинуваат двата најслаби четвртопласирани тима од Лигата А, четирите поразени тима од плејофот А/Б, четирите третопласирани тима од Лигата Б, четирите победници на групите во Лигата Ц и четирите победници од плејофот Б/Ц.

Во плејофот меѓу Лигата Б и Ц, силите ќе ги одмерат четирите четвртопласирани тима од Лигата Б и четирите другопласирани тима од Лигата Ц.

Последниот ранг, Лигата Ц, во сезоната 2028/29 ќе се состои од четири поразени тима од плејофот Б/Ц, осум екипи кои ќе завршат на третото и четвртото место во Лигата Ц во текот на сезоната 2026/27, како и шест репрезентации кои доаѓаат од укинатата Лига Д.

Македонија оваа сезона е дел од групата Б1 заедно со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Веќе не ми е гајле што велат другите, критиките не ме засегаат, вели Мурињо

Постојано се зборува дека стилот на игра на тренерот...

Втор последователен пораз на Сити – Брајтон славеше минимално на „Етихад“

Откако го победија шампионот Арсенал (3:0), Брајтон го победија...

Отворена истрага за обложување за пласманот на фудбалерите за „Златната топка“

Организаторот на „Златната топка“, „Франс Фудбал“, започна истрага за...

Алкараз го победи Медведев, го чека противникот за финалето

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на АТП турнирот...