Потпретседателката на Аргентина: Денес играме против агресори и узурпаторски пирати

Ова е жесток дуел помеѓу две земји кои не се сакаат, најмногу поради војната околу Фолкландските Острови во 1982 година. Непријателството меѓу Аргентинците и Англичаните е отворено нагласено во нивните медиуми, а аргентинската потпретседателка Викторија Виљаруел имаше што да каже на оваа тема

Прегледи:

Датум:

Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство вечерва од 21 часот по локално време. Ова е жесток дуел помеѓу две земји кои не се сакаат, најмногу поради војната околу Фолкландските Острови во 1982 година. Непријателството меѓу Аргентинците и Англичаните е отворено нагласено во нивните медиуми, а аргентинската потпретседателка Викторија Виљаруел имаше што да каже на оваа тема.

„Денес играме против узурпаторски пирати. Ова не е било каква игра. Нема да бидам политички коректна или ладнокрвна. Против Англија секогаш има нешто повеќе од само фудбал. Мора да ги запреме агресорите. Ајде, Аргентина! Ќе се бориме за она што е наше до последниот здив“, напиша таа.

Зошто Аргентинците и Англичаните се мразат?

Овие две земји водеа војна во 1982 година за Фолкландските Острови, кои се наоѓаат источно од аргентинскиот брег во Атлантскиот Океан. Англичаните ја добија таа војна. Загинаа 649 аргентински војници и 255 британски војници.

Аргентинците веруваат дека имаат право на Фолкландските Острови, и тука се разликува нивното размислување од она на Англичаните, благо речено. Според референдумот од 2013 година, жителите на Фолкландските Острови сакаат да останат под Велика Британија, 99,8 проценти од нив гласаа за таа опција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Грчката кошарка во центарот на скандал: Истрага поради сомневања за местење натпревари

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според...

Бернал доби суспензија од четири натпревари поради удирањето на Јамал

Факундо Бернал, играчот од средниот ред на Реал Бетис,...

Неверојатна приказна го обиколи светот: Ослабел 108 кг, се вратил во фудбалот и добил повик од гигант

Приказната за 32-годишниот бразилски футсал играч Брено Едувиге, попознат...

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...