Трансферот на сезоната повторно за Сити: Андерсон стана „граѓанин“ за 135 милиони евра

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон (23) е нов играч на Манчестер Сити, потврди клубот

Прегледи:

Датум:

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон (23) е нов играч на Манчестер Сити, потврди клубот. Во исто време, ова е нов историски момент во Премиер лигата: Андерсон стана најскапо платениот англиски играч досега, или поточно играчот за кого клубот плати највисока отштета – 116 милиони фунти (135 милиони евра).

Претходниот рекордер беше Џек Грилиш, чиј трансфер од Астон Вила ги чинеше „граѓаните“ исто така 100 милиони фунти.

Манчестер Сити денска објави дека постигнал договор со поранешниот клуб на Андерсон, Нотингем Форест, и дека играчот сега формално стана нов член на „граѓаните“ откако ги помина тестовите во САД, каде што се наоѓа моментално.

Андерсон е еден од најважните адути на Томас Тухел на Светското првенство – тој досега ги одигра сите четири натпревари на Светското првенство.

Тој потпиша договор со Сити до 2031 година со опција за продолжување за уште една сезона, станувајќи првото засилување во новата ера на тимот под водство на новиот тренер Енцо Мареска.

Во Манчестер, тој ќе заработува 300.000 фунти неделно и ќе биде вториот најплатен играч во тимот, веднаш зад Ерлинг Халанд.

Андерсон, за кој беше заинтересиран и Манчестер Јунајтед, дојде од фудбалската школа на Њукасл, беше дел и од првиот тим на „страчките“ до 2024 година, но ги постигна своите најголеми достигнувања во Форест.

Тој доби статус на стандарден репрезентативец и го привлече вниманието на најголемите клубови.

Неговиот трансфер во Сити, покрај тоа што е најголем во историјата за англиски фудбалер, е и еден од најголемите во историјата на Премиер лигата. Многу блиску до трансферот на Фелипе Кутињо (135 милиони евра) од Интер во Ливерпул.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Бомба на крајот од преодниот рок: Барселона тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Барселона го постави напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, како...

🎥Рома се пофали со потписот на Мора

Поранешниот играч на Порто, Родриго Мора, потпиша повеќегодишен договор...

Соколи продолжуваат со засилувањата – Бајрам и Димчевски ќе играат во Штип

Хусеин Бајрам и Ивица Димчевски денеска се претставени како...

Нан опериран, ќе оди на пауза!

Најдобриот кошаркар на Панатинаикос, Кендрик Нан мораше да се...