🎥Македонија нема да игра на Светско – пораз во Данска од 4:0

Македонската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз на гостувањето во Копенхаген, откако Данска славеше убедливо со 4:0 (0:0)

Прегледи:

Датум:

Македонската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз на гостувањето во Копенхаген, откако Данска славеше убедливо со 4:0 (0:0).

Натпреварот беше решен во второто полувреме, а домаќинот реализираше 4 гола за дваесетина минути.

Во првиот дел Македонија главно се бранеше, додека домаќините доминираа во поседот и шансите. Сепак, благодарение на неколку сигурни интервенции на Столе Димитриевски, мрежата остана мирна до паузата.

Сликата целосно се промени по одморот. Данска поведе само четири минути по стартот на второто полувреме, кога по лоша реакција во одбраната, Дамсгард ја искористи ситуацијата и ја смести топката во голот.

Набргу потоа следеше и втор удар. Дамсгард асистираше, а Исаксен прецизно реализираше за 2:0. Македонија не успеа да се консолидира, па истиот играч уште еднаш се запиша во листата на стрелци и ја зголеми предноста на 3:0.

Конечните 4:0 беа поставени по корнер на Ериксен, кога Норгард најдобро се снајде во мешаницата пред голот и ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.

Со овој убедлив пораз, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство. Следниот натпревар против Република Ирска ќе биде без резултатско значење, но ќе претставува можност за поправка на впечатокот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...