Данило Галинари, поранешниот кошаркар на Лос Анџелес клиперс, се огласи по повод скандалот во НБА-лигата.
Во моментов, најголемиот скандал во НБА-лигата е поврзан со Лос Анџелес клиперс, кои беа казнети поради кршење на финансискиот правилник, и тоа по истрагата на федералните власти.
Стив Балмер, сопственикот на Клиперс, е суспендиран на една година, а тимот е казнет со одземање пет пика од првата рунда и со 30 милиони долари.
Каваи Ленард е казнет со 700.000 долари, што наиде на критики кај бројни љубители на НБА-лигата, а јавно го критикуваше и поранешниот кошаркар Данило Галинари.
„Тој би требало да ги плати сите тие 50 милиони долари. Тој ме стави на погрешен пат и целата моја кариера беше во уште потешка ситуација кога ме избрка од Лос Анџелес. Тоа што ми се случи мене не се случи поради генералниот менаџер или сопственикот, туку поради играчот кој донесе одлука дека тимот не е доволно добар и дека сака нешто повеќе. Треба сите тие пари да ги испрати во добротворни цели. Да ги плати сите 50 милиони, а не само 700.000“, рече Галинари во подкастот „А Креста Алта“ (A Cresta Alta).
Сопственикот на Клиперс, Стив Балмер, ги прифати казните од НБА-лигата и уплати 30 милиони долари, порачувајќи дека нема да се жали и дека случајот нема да заврши на суд.


