Кокошков: Дончиќ е кошаркарски дијамант, но Кид е лоша личност и лош тренер

Српскиот стратег откри зошто по само една сезона го напуштил Тексас и ги соголи личните проблеми и суетата на легендарниот НБА плејмејкер

Прегледи:

Датум:

Српскиот тренер Игор Кокошков се присети на деновите поминати во Далас, каде што се осврна на „повторната средба“ со Лука Дончиќ и соработката со Џејсон Кид.

Средбата со Дончиќ во Тексас беше нивна втора заедничка соработка по нивниот шампионски пат со Словенија на Евробаскетот во 2017 година. За Дончиќ, Кокошков во разговорот за подкастот „X&O’s CHAT“ зборуваше со избрани зборови.

„Ви се потребни само два тренинга, два тренинга со играч како него за да откриете со каков генерациски талент работите. Неговиот талент беше толку очигледен, и тој продолжува да се подобрува од година во година. Тој е драгоцен камен, дијамант“.

Кокошков во истата прилика откри дека Дончиќ никогаш не бил во плановите на Финикс, бидејќи Санс една година претходно веќе се одлучиле за Деандре Ејтон.

Српскиот тренер во тоа време беше на клупата на Санс. Тогаш не го дочека Лука, но НБА патиштата сепак им се вкрстија во 2021 година, кога стана помошник во стручниот штаб на Далас, предводен од Џејсон Кид.

И додека за Дончиќ го врзуваат само убави сеќавања, тоа не важи кога ќе помисли на Кид.

„Беше еден од моите омилени играчи и еден од најдобрите плејмејкери што некогаш играле кошарка. Го сакав нападот на Принстон поради Џејсон Кид. Но, Џејсон Кид како играч и Џејсон Кид како тренер и како личност се две потполно различни приказни. Немав добро искуство со него, а исто така немам посебно добро мислење за него надвор од теренот или како главен тренер. И правилно е луѓето да го знаат тоа. Тоа не е само мое мислење“.

Кокошков откри и кога дефинитивно увидел дека со Кид нема да има напредок.

„Значи, да, немам посебно добро мислење за него. Можеби најдобар пример за тоа е разговорот што го водев со него по една година заедничка работа. Седнав со него и му реков: ‘Слушај, имам историја со Лука Дончиќ и добро го познавам. Соработувавме во минатото и тоа секако може да му помогне на тимот. Но, јас не сум тука поради Лука Дончиќ. Работам за тебе. Ова е твој тим’. Но, тој никогаш не можеше навистина да премине преку тоа. Тоа беше нешто што му стоеше во главата, тоа беше дел од неговите лични проблеми во кои не сакав да се мешам“, додаде Кокошков, кој по само една сезона го напушти Далас.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Де ла Фуенте останува на чело на Шпанија до 2030 година

Селекторот на машката репрезентација на Шпанија, Луис де ла...

Роналдо бара доживотна забрана за пристап на стадионите поради навредите кон починатиот Жота

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и тамошната Про лига...

Хорнер добива нова шанса да се бори за акциите на Алпин

Тригодишното вето на Рено за продажба на 24-процентниот удел...

Белград официјално ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа во 2029-та

Белград ќе биде домаќин на финалниот натпревар од Лигата...