Македонија по голем пресврт ја совлада Швајцарија на Европското

Македонија ја совлада Швајцарија со 89:76 во дуел од четвртото коло во групата „Б“ на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години.

Прегледи:

Датум:

Македонија ја совлада Швајцарија со 89:76 (37:53) во дуел од четвртото коло во групата „Б“ на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 16 години.

Швајцарија имаше одличен старт и во еден момент водеше со дури 17 поени разлика. Но, македонските кадети покажаа карактер, одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт стигнаа до заслужена победа.

Ова е втор триумф за „жолто-црвените“ на шампионатот и досега имаат скор од 2-2 по четири одиграни натпревари

Најефикасен во македонскиот состав беше Илија Коневски со 26 поени и шест скока. Александар Зунзуровски постигна 19 поени, со четири асистенции и три скока, додека Дион Шабани реализираше 18 поени, со шест скока и три асистенции.

Македонија утре го игра последниот натпревар од групната фаза. Противник ќе биде Украина, а дуелот започнува од 18:30 часот.

.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Роналдо ја напушти репрезентацијата на Португалија, лут од изјавата на селекторот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо,...

📽️Поранешна шампионка го тужи Џејк Пол за 10 милиони долари

Поранешната шампионка во бокс, Хедер Харди, поднесе тужба за...

Канело се враќа во борба за светската титула против непоразениот Кристијан Мбили

Саул „Канело“ Алварез се враќа во рингот со шанса...

Поранешен шеф на Манчестер Сити бара клубот да биде исфрлен од Премиер лигата

Иднината на Манчестер Сити изгледа сè понеизвесна откако независна...