Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов ќе игра за Работнички

КК Работнички АД Скопје соопшти дека нов член на клубот е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов

Прегледи:

Датум:

КК Работнички АД Скопје соопшти дека нов член на клубот е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов.
Екипата на Работнички во Кристијан Николов добива сериозно засилување на бековските позиции, порачаа од тимот од Градски парк.
Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и е еден од препознатливите македонски репрезентативци во изминатите години.
Со својата борбеност, лидерски квалитети, кошаркарско искуство и способност да придонесе на двете страни од теренот, Николов треба да донесе дополнителна стабилност во играта на Работнички.
Со ангажманот на Кристијан Николов, Работнички добива искусен и квалитетен македонски репрезентативец, кој треба да биде значаен дел од тимот во новата сезона, додаваат оттаму.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Верстапен: Неверојатно е конечно да се биде на пол-позицијата

На Макс Верстапен му беа потребни 16 обиди за...

Хамилтон најави борба со Верстапен: Ако можеме да го следиме, ќе биде одлично

Луис Хамилтон верува дека Ферари може да се натпреварува...

Верстапен ја освои првата пол-позиција во сезоната, Хамилтон му се придружи во првиот ред

Макс Верстапен ја освои својата прва пол-позиција во сезоната...

Камерон Пејн потпиша договор со Ефес

Американскиот плејмејкер Камерон Пејн е новиот играч на Ефес,...