Николиќ е најновото засилување на МЗТ

Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со клубот од Аеродром

Прегледи:

Датум:

Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договор со клубот од Аеродром.

Станува збор за искусен центар, кој зад себе има богата кариера и настапи во голем број екипи, како во Србија, така и во регионот и пошироко.

Кариерата ја почна во Раднички од родниот Крагуевац, по што четири сезони (2017–2021) беше дел од белградски Партизан. Потоа настапуваше за Слога Краљево, Слобода Ужице, ФМП и Златибор, додека првото интернационално искуство го стекна во романска Крајова, каде што играше во два наврати. Во својата кариера ги носеше и дресовите на романски Брашов и литвански Невежис.

Од Николиќ се очекува да донесе дополнителна цврстина и сигурност во рекетот, каде што со својата висина, физичка сила и искуство ќе биде важен адут на МЗТ Скопје на двете страни од паркетот.

Тој е четвртото интернационално засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по Американците Лесли Ворнер и Ноа Фарахан, како и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷🎬 Вајт потврди: Вајлдер против Опетаја во Кардиф

Деонтеј Вајлдер (40) и Џаи Опетаја (31) ќе влезат...

Панатинаикос го победи Реал во Мадрид по голема драма и продолженија

Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 115:112 по продолженија...

🎥Срушен рекордот во Лигата на шампионите: Чудесниот Комо даде девет гола на гостински терен

Италијанскиот фудбалски клуб Комо постигна историска победа во својата...

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...