„Бразилска самба во Штип“: Брегалница се пофали со новото засилување

Матеус Да Силва Лемос е нов член на ФК Брегалница. Станува збор за техничар кој игра на левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро

Прегледи:

Датум:

Матеус Да Силва Лемос е нов член на ФК Брегалница. Станува збор за техничар кој игра на левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро.

Лемос има искуство во македонската прва лига, откако настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите на клубот од Штип.

Последната седмица тренира во градот и одлично е прифатен во новата средина.

Матеус Лемос има 29 години, во својата кариера има настапувано во бразилските нисколигаши Сан Хозе, Мауа, Комерцијал и Индепендиенција.

„Негова силна страна во играта е играта 1 на 1, одличен центаршут, вреден играч без топка и дисциплинирана игра во дефанзивниот сегмент на игра“, стои во соопштението на Брегалница.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷🎬 Вајт потврди: Вајлдер против Опетаја во Кардиф

Деонтеј Вајлдер (40) и Џаи Опетаја (31) ќе влезат...

Панатинаикос го победи Реал во Мадрид по голема драма и продолженија

Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 115:112 по продолженија...

🎥Срушен рекордот во Лигата на шампионите: Чудесниот Комо даде девет гола на гостински терен

Италијанскиот фудбалски клуб Комо постигна историска победа во својата...

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...