Ново име во таборот на МЗТ

Екипата на МЗТ Скопје вчера објави ново засилување на организаторската позиција. Нов член на тимот од Аеродром е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ

Прегледи:

Датум:

Екипата на МЗТ Скопје вчера објави ново засилување на организаторската позиција. Нов член на тимот од Аеродром е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.

Тој зад себе има богато регионално и меѓународно искуство, а кариерата ја започнал во белградски Партизан со кого го освои Купот на Србија (2018), а со екипата на Златибор во 2022 година се закити со шампионскиот пехар во АБА2-лигата.

Со јуниорската репрезентација на Србија го освои златото на ЕП 2017 година, а беше дел и од кадетската (У-16) и младинската (У-20) селекција на својата земја.

Покрај Партизан и Златибор, во кариерата настапувал и за Младост Земун, Слобода Ужице, унгарски ДЕАЦ, а добро го познава и нашиот шампионат преку настапите за Куманово.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥„Дер Класикер“: Баерн водеше двапати, Дортмунд го шокираше Минхен во 90-тата минута

Кога се среќаваат Баерн и Борусија Дортмунд, речиси никогаш...

📽️Тотенхем врза три победи, Палас падна во градското дерби

Се чини дека Тотенхем конечно го пронајде вистинскиот ритам...

🎬Де Минор го шокираше Зверев и закажа финале со Алкараз во Виена

Австралискиот тенисер Алекс де Минор приреди изненадување во полуфиналето...

Веќе не ми е гајле што велат другите, критиките не ме засегаат, вели Мурињо

Постојано се зборува дека стилот на игра на тренерот...