КК Работнички АД Скопје синоќа го претстави новото засилување на тимот, Американецот Џаксон Елингсворт.
Крилниот играч, висок 206 сантиметри, доаѓа од Арканзас Стејт, каде што настапуваше во NCAA лигата. Во сезоната 2025/26 одигра 32 натпревари и бележеше просек од 9,7 поени и 4,8 скока, со 34,7% успешност во шутот за три поени.
Со Елингсворт, Работнички добива дополнителна опција во нападот и играч кој може да придонесе во скокот, стои во соопштението од „Градски парк“.


