Треј Лајлс се враќа во НБА

Канадскиот крилен центар Треј Лајлс официјално се враќа во НБА откако помина само една натпреварувачка година со Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Канадскиот крилен центар Треј Лајлс официјално се враќа во НБА откако помина само една натпреварувачка година со Реал Мадрид. Според информациите што ги даде познатиот кошаркарски инсајдер Мајк Ското, искусниот кошаркар се согласил на едногодишен договор со Минесота Тимбервулвс. Откако одлучи да не го обнови договорот со шпанските гиганти, Лајлс реши повторно да ја проба среќата во најсилната лига во светот и да ја зголеми конкуренцијата во составот на тимот од Минеаполис.

Искусниот крилен центар пристигнува во целосно реконструиран тим на Минесота, кој претрпе сериозни промени во својот состав. „Волците“ влегуваат во новата сезона без Џулиус Рендл, додека апсолутна прва ѕвезда на преодниот рок и главно засилување стана брилијантниот плејмејкер Ламело Бол. Лајлс ќе биде опкружен и со некои многу познати имиња во светската кошарка, бидејќи ќе ја дели соблекувалната со Ентони Едвардс, Руди Гоберт и Џејден МекДениелс.

Ова ќе биде единаесетта сезона во НБА за канадскиот ас, кој пред да замине на Стариот континент успешно ги бранеше боите на Сакраменто Кингс, Денвер Нагетс, Сан Антонио Спарс, а кариерата ја започна во Јута по значајните натпревари во престижниот колеџ Кентаки. Лајлс пристигнува во Минеаполис како докажана опција од клупата и играч кој може да ги растегне противничките одбрани со својот шут од далечина, што ќе им ja донесе на Тимбервулвс многу потребната длабочина во ротацијата за да го задржат статусот на еден од главните кандидати за титулата во Западната конференција.

Лајлс беше цел на многу клубови во Европа, покрај тоа што Реал се обидуваше да го задржи по секоја цена, тој наводно беше и желба на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...

Ѓоковиќ по победата над Зверев: Тој е најдобриот тенисер во моментов, без сомнение

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека пласманот во полуфиналето...