ДеАндре Ајтон има нов клуб

Лос Анџелес Лејкерс одлучија да се разделат со ДеАндре Ајтон, кој ќе ја продолжи кариерата со Вашингтон Визардс, објави Шамс Шаранија, а во спротивна насока доаѓа Џејден Харди, како и два пика од втората рунда на драфтот од 2031 и 2032 година.

Прегледи:

Датум:

Лос Анџелес Лејкерс одлучија да се разделат со ДеАндре Ајтон, кој ќе ја продолжи кариерата со Вашингтон Визардс, објави Шамс Шаранија, а во спротивна насока доаѓа Џејден Харди, како и два пика од втората рунда на драфтот од 2031 и 2032 година.

Ајтон пристигна во Лос Анџелес минатото лето откако ја раскина соработката со Портланд Треил Блејзерс и беше стартер центар на тимот во текот на целата претходна сезона. Тој одигра 72 натпревари во регуларната сезона и сите 10 натпревари во плејофот, но не успеа да ги оправда очекувањата во улогата што му ја додели тренерот Џ.Џ. Редик

Центарот од Бахамите имаше просек од 12,2 поени, 8,2 скока и 0,8 асистенции со 65,3% шут од поле, но Лејкерс го решија прашањето за стартер центар ова лето со доведувањето на Вокер Кеслер. Ова го направи Ајтон вишок, и покрај тоа што ја активираше својата опција во договорот за сезоната 2026/27.

Од друга страна, Лејкерси го добија Џејден Харди, бек кој ќе се обиде да добие поголема улога во тимот, како и дополнителен капитал на драфтот во форма на два избори од втората рунда.

Според информациите од американските медиуми, раководството на Лејкерси сега планира да најде резервен центар на пазарот на слободни агенти, а меѓу кандидатите се споменуваат Андре Драмонд, Кевон Луни и Јонас Валанчиунас, доколку тој стане слободен агент.

Трансакцијата претставува уште еден потег на Лејкерси за промена на изгледот на тимот пред новата сезона, со цел да се создаде поконкурентен тим околу Лука Дончиќ, Остин Ривс и остатокот од тимот за борба за врвот на Западната конференција.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Египет во осминафинале по пенал драмата против Австралија

Египет драматично ја елиминираше Австралија по нерешениот резултат 1-1...

Треј Лајлс се враќа во НБА

Канадскиот крилен центар Треј Лајлс официјално се враќа во...

Васер одговори на обвинувањата на Волф за „измама“ во врска со подобрувањата на Ферари

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, даде жесток одговор на...

Леброн разгледува повеќе опции: „Да не ја освоеа Њујорк титулата…“

Леброн Џејмс ќе ја игра својата 24-та НБА сезона,...