Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, изјави дека може да игра уште подобро, откако постигна 52 поени против Далас синоќа. Спарс славеа со 112:111, а Вембањама додаде уште 24 скока и осум блокади.
„Можам уште подобро. Сега шутот не ми функционираше, па морав да играм на многу исцрпувачки начин. Можам да го направам тоа, доказот е пред вас. Но, можам да бидам многу подобар кога шутирањето ми функционира. Знам дека е само прашање на време“, рече Вембањама по натпреварот.
Тој го извитка глуждот во последната четвртина, но тоа не го спречи.
„Тој е Супермен. Го извиткува глуждот, веднаш се исправа и се однесува како ништо да не се случило. Никогаш не сум видел нешто слично. Тоа само покажува колку се грижи за своето тело, колку внимание посветува на мобилноста, закрепнувањето и сè друго. Затоа може да прави такви работи“, рече плејмејкерот на Сан Антонио, Дилан Харпер.
Сан Антонио имаше водство од 23 поени пред противникот кога Вембањама беше на теренот.
Сан Антонио запиша шеста победа по ред и не загуби од првите два натпревари од сезоната, против Оклахома и Хјустон.
Вембањама во последно време се бори со вирус.
„Не се чувствувам најдобро веќе некое време, но денес беше прв пат да почувствувам дека нозете ми се вратија. Се надевам дека ќе биде вака почесто во иднина“, рече тој.


