Кошаркарот на Хапоел од Тел Авив, Томаш Саторански, се огласи од болница откако се здоби со повреди на главата на натпреварот со Дубаи.
Чешкиот репрезентативец изјави дека се чувствува добро и им се заблагодари на медицинските тимови за нивната брза реакција.
На крајот од третата четвртина, тој се судри со Двејн Бејкон, Филип Петрушев и Бруно Кабокло во борбата за скок, ја изгуби рамнотежата и удри со задниот дел од главата на подот.
Get well soon, Sato 🙏 ⠀ Tomas Satoransky was stretchered off after a heavy fall against Dubai. Itoudis said he was conscious, and Hapoel confirmed he was being taken to hospital for tests. ⠀ #EuroLeague https://t.co/fJh5v6ODDS
— SKWEEK (@SkweekSports) October 30, 2026
За момент ја изгуби свеста, а потоа беше изнесен од теренот на носилки и префрлен во болница.
„Особено им се заблагодарувам на тимот на Дубаи, на нивните играчи и персоналот, за нивната брза реакција и помош. Исто така, им се заблагодарувам на моите соиграчи и на сите во Хапоел за нивната поддршка“, рече Саторански.
Искусниот кошаркар додаде дека се надева дека наскоро ќе се врати на теренот.
„Беше страшен момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека ќе се вратам на теренот што е можно поскоро“, рече искусниот Чех.


