Промени во распоредот на два натпревари од Лигата на шампионите на РК Вардар

РК Вардар соопшти дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите.

Прегледи:

Датум:

РК Вардар соопшти дека има промени во распоредот за два натпревари од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите.

Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се игра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот.

Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Натпреварот, кој претходно беше закажан за 15 октомври, според новиот распоред ќе се игра на 14 октомври, со почеток од 18:45 часот.

Останатиот дел од распоредот останува непроменет.

Клубот дополнително ќе ги информира навивачите за сите детали поврзани со билетите и организацијата на домашните натпревари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📷🎬 Вајт потврди: Вајлдер против Опетаја во Кардиф

Деонтеј Вајлдер (40) и Џаи Опетаја (31) ќе влезат...

Панатинаикос го победи Реал во Мадрид по голема драма и продолженија

Панатинаикос го победи Реал Мадрид со 115:112 по продолженија...

🎥Срушен рекордот во Лигата на шампионите: Чудесниот Комо даде девет гола на гостински терен

Италијанскиот фудбалски клуб Комо постигна историска победа во својата...

Милан го враќа Адидас на дресовите, ќе земе 500.000.000 евра

Милан ќе се врати кај Адидас од сезоната 2028/29...