Вардар ги почна подготовките за новата сезона

Ракометарите на Вардар го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со големи амбиции, соопштија од клубот

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Вардар го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со големи амбиции, соопштија од клубот.

По освојувањето на двојната круна во Македонија, пред „црвено-црните“ е нов предизвик – одбрана на трофеите на домашната сцена, но и успешен настап во Лигата на шампионите и во Регионалната лига.

Во тимот пристигнаа неколку нови имиња кои треба да донесат дополнителен квалитет и ширина во играта. Нови ракометари на Вардар се десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар и средниот бек Матео Фадуил. На подготовките се приклучуваат и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, како и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.

Вардарци првиот дел од подготовките ќе го реализираат на домашно тло во Скопје, а планиран е и престој во Маврово, каде екипата ќе работи на физичката подготовка и тимското воигрување.

Пред стартот на официјалните натпревари во Регионалната лига, Вардар ќе настапи и на турнирите во Струга и Охрид.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Аргентина го избра наследникот на Меси

Лионел Меси се прости од играњето за репрезентацијата на...

Нов удар за Клиперси: Федералните власти ја истражуваат аферата со Ленард и Балмер

Лос Анџелес Клиперси, нивниот сопственик Стив Балмер и најголемата...

„Убиец на болиди“: Верстапен предупреди за новата патека во Формула 1

Формула 1 се враќа во Мадрид овој викенд, за...

Родри им се потсмеваше на играчите на Валенсија, па јавно се извини

Коментарот забележан на клупата за време на натпреварот Валенсија...