Фабијани пред реваншот во Рига: Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Кристијан Фабијани пред утрешниот реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, изјави дека треба да се намалат грешките од претходните натпревари

Прегледи:

Датум:

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Кристијан Фабијани пред утрешниот реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, изјави дека треба да се намалат грешките од претходните натпревари.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните натпревари, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со што е можно помалку грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас конкурираат за настап, а во тимот нема да бидат само Хоакин Торес и Бобан Николов. Пред нас е и официјалниот тренинг, на кој ќе ги направиме последните подготовки за натпреварот.“, порача тренерот.

Капитенот Азер Омерагиќ пак изјави дека ништо не е завршено и дека ќе се борат за победа.

„Натпреварот во Скопје го загубивме, но ништо не е завршено затоа што нè очекува реваншот против Рига. Ќе се бориме за дресот и боите на Вардар и сакаме да одиграме квалитетен европски натпревар. Доколку бидеме дисциплинирани тактички, ги намалиме грешките и ги исполниме задачите од стручниот штаб, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат.“, истакна капитенот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мбапе се извини на Кинезите откако три компании ги прекина врските со него

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денес се извини за коментарите...

Челси без Жоао Педро во следните неколку недели

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоао Педро, ќе...

Евролигата одлучи: Абу Даби ќе биде домаќин на „Ф4“ во 2027 и 2029 година

Фајнал Фор (Ф4) на Евролигата повторно ќе се одржи...

Сопруга на бразилски репрезентативец: „Ме изневеруваше со проститутки кога бев бремена“

Аманда Мартинс, сопругата на бразилскиот фудбалер на Рома, Весли...