📸📽️ „Time“ го прогласи Леброн Џејмс за спортист на векот: „Мојот пат е мој пат“

Познатиот кошаркар е играчот со најдолг стаж во историјата на НБА

Прегледи:

Датум:

Списанието „Time“ го избра Леброн Џејмс за највлијателна спортска фигура на нашето време. И не само како кошаркар, туку и како спортист чие влијание далеку ги надмина границите на теренот.

Насловен како „Леброн Џејмс: GOAT на и надвор од теренот“, Time го објави последниот дел од проектот посветен на 100-те највлијателни спортисти во светот. Заедно со признанието, списанието објави и обемно интервју со Џејмс, кој зборуваше за својата кариера, наследство и животен пат.

– Секако дека уживам. Седам тука и разговарам со вас, немам глас, а за еден час имам тренинг. Мислите ли дека веќе не се забавувам? Можев да бидам дома, со топол пијалок и кајгана – рече Џејмс.

Една од неизбежните теми беше вечната дебата за тоа кој е најголемиот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан или Леброн Џејмс.

– Прашајте некого што пораснал во ерата на Џордан и ќе ви каже дека бил Мајкл. Прашајте некого што пораснал во ерата на Леброн… и веројатно повторно ќе речат Џордан – , се пошегува Џејмс.

– Никогаш не сум облекол туѓи чевли и не сум си рекол дека морам да бидам подобар од некого. Мојот пат е мој пат. Знам што сум дал на кошарката, колку сум ги инспирирал луѓето и какво влијание сум имал –

Растејќи во тешки околности во Акрон, во семејство на самохрана мајка, Џејмс развил силен натпреварувачки карактер уште рано.

– Секогаш чувствував дека имам што да докажам. Пораснав без татко, без браќа и сестри, и тоа чувство постојано ме туркаше напред – рече Џејмс.

Еден од дефинирачките моменти во неговата кариера се случи во 2010 година, кога го напушти Кливленд за Мајами Хит по седум сезони без шампионски прстен.

– Не е ништо различно од тоа човек да ја менува работата затоа што добива подобра можност и се опкружува со подобри луѓе – нагласи Џејмс.

Денес, тој признава дека можеби некои работи ги кажал поинаку, но не се кае за своите одлуки.

– Најдобриот учител во животот е искуството. Бев лут, разочаран и повреден. Дозволив медиумите да влијаат на мене, но научив важна лекција од сето тоа, истакна тој.

Без разлика дали се смета за најдобар кошаркар на сите времиња, едно е сигурно – Леброн Џејмс одбележа ера во спортот и остави белег што ќе се почувствува долго по неговата кариера, која сè уште не е завршена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Галинари: Ленард треба да ги плати сите 50 милиони долари, ми ја уништи кариерата

Данило Галинари, поранешниот кошаркар на Лос Анџелес клиперс, се...

Синот на Паоло Малдини позитивен и на тест за дрога

Напаѓачот на Каљари, Даниеле Малдини, не само што бил...

Ван Дајк ќе разговара за иднината во репрезентацијата со новиот селектор Чави

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, ќе одржи клучен...

Шест месеци откако беше „замолен“ да не доаѓа, Златан се врати во базата на Милан

Златан Ибрахимовиќ се врати во Миланело! Шведската легенда денес...