Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер верува дека Јаник Синер е моментално најдобриот во светот. АТП листата, исто така го покажува ова, иако оваа сезона Саша Зверев успеа да освои две Гренд слем титули.
„Би рекол дека можеби е Синер. Бидејќи беше многу доминантен на Мастерс турнирот, играше многу добро до повредата. Тој беше најдобар, па оттука и неговиот ранг“, вели Федерер.
Карлос Алкараз се обидува да се врати во форма по повредата и паузата.
„Знаеме дека кога Карлос е во најдобра форма, тој е најдобар во светот. Мислам дека е свесен за тоа“, додаде Роџер.
Федерер моментално е во Лондон, каде што од петок до недела се игра „Лејвер Купот“, турнир чиј ко-сопственик е.


