Третиот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на турнирот во Токио, откако го победи сонародникот Хауме Мунар со 5:7, 6:3, 6:1 по два часа и 33 минути игра.
Во првиот сет, Алкараз направи голем број неизнудени грешки, кои Мунар ги искористи.
Во вториот сет, Алкараз започна добро и оствари брејк. Неговиот ривал одговори со ри-брејк, но потоа Алкараз повторно му го одзеде сервисот на ривалот и поведе со 2:1.
Во третиот, Шпанецот продолжи да игра одлично за конечни 5:7, 6:3, 6:1.
Во финалето, Алкараз ќе игра против подобриот играч од дуелот Лехечка – Вашеро.


