Фудбалскиот свет беше шокиран во петокот од веста дека тренерот на Баерн, Винсент Компани, бил однесен во болница во Минхен со брза помош по драматични сцени во тренинг кампот на клубот.
Белгискиот стручњак се онесвестил за време на вториот тренинг. Медицинската служба на клубот веднаш реагирала и повикала брза помош, по што бил итно префрлен во болница на детални прегледи, каде што се наоѓа во моментов.
Компани веќе некое време се бори со последиците од вирусна инфекција, поради која чувствувал слабост во нозете и колковите, што било видливо и на неодамнешните натпревари што ги водеше додека седеше на клупата. Покрај тоа, познато е дека поради максималната посветеност на работата, тој страда од хроничнo лишување од сон, што оставило сериозен белег на неговото тело.
Германските медиуми во меѓувреме открија клучен детаљ што му претходел на колапсот. Имено, Компани само неколку дена претходно ја поминал ноќта во болница. Бидејќи резултатите во тој момент биле нормални, тој решил да го предводи тимот во дуелот од Лигата на шампионите против Арсенал. Во петокот, тој го заврши тренингот на првиот тим без никакви проблеми, но потоа неочекувано одлучиl да остане на тренингот на вториот тим, наместо да си оди дома на пауза.
Јасно е дека се преоптоварил и го игнорирал советот на лекарот да забави, а акумулираниот замор го стигнал. Челниците на Баерн ја сфатиле ситуацијата исклучително сериозно и инсистираат на негов строг одмор и целосно закрепнување пред да се врати на клупата.
Покрај недостатокот на сон, се вели дека Компани претерува со кафе и дека неговите оброци се исклучително нередовни. Овој колапс е јасен знак дека белгискиот стратег треба да „продолжи со работата“ и да го стави сопственото здравје на прво место.


