Според тековниот календар, сезоната во Формула 1 треба да заврши со трки во Катар на 29 ноември и Абу Даби на 6 декември.
Поради конфликтот меѓу САД и Иран, во кој индиректно се вклучени сите земји од Заливот, сè уште е неизвесно дали ќе има натпревари во таа област.
Макс Верстапен, четирикратен светски шампион, смета дека возачите не треба да одат таму.
„Секогаш сакам да одам во Катар и Емиратите, но во ситуација кога војната е толку блиску, мислам дека треба да се прескокне. Без оглед на договорот. На крајот на краиштата, јас не сум тој што ја донесува одлуката“, истакна Холанѓанецот.
Веќе се зборува дека можна замена за овие две трки би можела да биде познатата патека Имола во Сан Марино.


