Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на македонската БЏЏ Федерација

На 21.02 се одржа изборно собрание на Федерација на Македонија за Бразилска Џиу Џица, на кое присуствуваа сите клубови-членки на федерацијата со свои официјални претставници

Прегледи:

Датум:

На 21.02 се одржа изборно собрание на Федерација на Македонија за Бразилска Џиу Џица, на кое присуствуваа сите клубови-членки на федерацијата со свои официјални претставници. На собранието, со едногласна одлука на присутните делегати, за нов претседател на федерацијата беше избран Душко Стојановски.

Душко Стојановски, со богато организациско и промотерско искуство. Како поранешен член на Интернационалната Еспорт Федерација, Генерален Секретар во Македонската ММА Федерација и ко-основач на Студио Бејс, тој има значаен придонес во организација и промоција на бројни национални и меѓународни спортски настани, што претставува силна основа за понатамошен развој и унапредување на БЏЏ сцената во Македонија.

Стојановски ја презема функцијата од Ивица Алексовски, Основач на Д Стронгест, актуелен претседател на Македонската ММА Федерација и еден од најистакнатите спортски лидери во државата, кој во изминатиот 30 години има огромен придонес во развојот и афирмацијата на боречките спортови на национално и меѓународни ниво.

Македонската БЏЏ Федерација останува посветена на развојот на спортот во позитивен правец, унапредување на младите таленти и создавање услови за постигнување врвни резултати на домашната и меѓународната сцена, стои во соопштението.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Брегалница го отпушти Кузманов

Фудбалскиот клуб Брегалница соопшти дека со одлука на Управата...

Халанд продолжува да ги поместува границите во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, продолжува да ги...

📽️ Гасли: Не бев мотивиран од тоа што ми го одзедоа подиумот во Монако

Возачот на Алпин, Пјер Гасли, вели дека одлуката на...

Монфис ја менува кариерата

Францускиот тенисер Гаел Монфис објави дека по завршувањето на...